Во Салонот 19,19 на КИЦ-Скопје, вечер ќе биде промовирава книгата „Ќе се завијам во песни“ од Снежана Стојчевска.
Книгата е во издание на Книгоиздателството МИ-АН од Скопје, а промоцијата е во соработка со Културно-информативниот центар на Скопје. Промотори на книгата се Мишел Павловски и Владимир Мартиновски.
Поетската збирка на Снежана Стојчевска „Ќе се завијам во песни“ го поставува автобиографското. Таа го варира мотивот на загубата на таткото, еден од најчестите во светската книжевност.
Снежана Стојчевска е родена 1980 година во Скопје. Дипломира на Инситутот за Педагогија при Филозофскиот Факултет во Скопје. Во 2012 ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на ИЛИ ИЛИ, како дел од едицијата Русалки во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели Мугри“ за 2013 година, што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга „Модри фантазии“ во издание на издавачката куќа Темплум. Нејзината последна книга „Треба да е лесно“ излезе во мај 2017 година во издание на издавачката куќа Антолог, а беше промовирана на BookStar 2017 – фестивал за европска литература.
Од од 2012 до 2013 година, Стојчевска беше активна како уредник на радио емисијата за поезија „Песни, приказни и сон“ на Канал 103, каде ја претставуваше поезијата на својата генерација. Исто така, беше организатор и учесник на работилницата за книжевност Креативен викенд во Лазарополе „Кратки книжевни форми“ (октомври 2012, 2014). Застапена е во повеќе антологии на млада македонска поезија