Најмалку едно лице загина, а повеќе од 40 се повредени во силен земјотрес што утрово ги погоди Филипините.
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди островот Минданао на југот на Филипините.
Канцеларијата за цивилна заштита соопшти дека еден 66-годишен човек починал од повреди, а повеќе од 40 лица се повредени додека бегале од своите домови кога се случил земјотресот.
На Филипините претходно месецов имаше уште еден земјотрес во кој загинаа пет лица и предизвика голема материјална штета.