Американската тајна полиција интервенирала по примено анонимно обвинение против еден од најпознатите рапери Еминем. Документите кој ги поседува порталот Buzzfeed наводно докажуваат дека агенти разговарале со раперот поради заканувачки стихови упатени кон Иванка Трамп.
Наводно, според доказите, разговорот бил во 2017 година. Песната која му предизвикала незгода е „Framed“, во која Еминем ја нарекува Иванка „мала глупава плавуша“. Лицето кое поднело тужба сметало дека заканувачките пораки кои се упатени кон семејството Трамп не се во ред и дека за тоа мора да се преземе нешто.
– Сакам да знам дали тајната служба го испитува Еминем поради заканувачките текстови во неговите песни – рекло загрижено непознатото лице.
Кога агентите го контактирале раперот преку адвокат, откриле уште една песна со стихови против Трамп.
– Додека тие го читале текстот, Еминем рапувал – се наведува во документот кој не стасал до државното обвинителство, поради што истрагата е затворена, пренесува „Дневни аваз“.