1.453 хектари државно земјоделско земјиште ќе се дава под закуп

Рокот за доставување на потребната документација е 40 дена, а право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни лица и странски правни лица. 

396

Министерството за земјоделство штумарство и водостопанство (МЗШВ) го објави второт инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над три хектари, со кој на располагање за давање под закуп се 1.453 хектари во Свети Николе, Велес, Струмица, Куманово, Неготино, Битола, Кочани, Кисела Вода, Пробиштип, Берово, Штип, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка.

Рокот за доставување на потребната документација е 40 дена, а право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Земјоделското земјиште предмет на вториот оглас во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува, ќе се доделува во времетраење од 30 години за подигање на долгогодишни насади (лозја и овоштарници) и оранжерии, до 70 години за подигање на долгогодишни насади со лешник, до 15 години за одгледување на други земјоделски култури и до 20 години за рибници.

На првиот оглас што беше објавен лани во декември, а првите договри беа потпишани во март годинава се потпишани 17 договори за вкупна површина од 1.240 хектари за кои се предвидени инвестиции во висина од 11 милиони евра за изградба на внинарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри што треба да се реализираат во наредните пет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...