Турција: Изјавата на Макрон за Балканот не е конструктивна

Макрон, меѓу другото, рече дека не сака „Балканот да се сврти кон Турција или Русија“. Аксој потенцираше дека не е конструктивно Балканот да се доживува како сфера на влијание.

428

Турското Министерство за надворешни работи оцени дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за Балканот „не е конструктивна“.

Реакцијата на портпаролот на турското МНР Хами Аксој следува по завчерашното обраќање на Макрон во Европскиот парламент.

Макрон, меѓу другото, рече дека не сака „Балканот да се сврти кон Турција или Русија“. Аксој потенцираше дека не е конструктивно Балканот да се доживува како сфера на влијание.

Тој изјави дека Турција, исто така е земја од Балканот, и истакна дека цел и приоритет на Анкара денес, но и отсегогаш, е мир, стабилност и развој на ргеионот.

– Заради таа цел, ние и натаму го поддржуваме членството на сите земји од регионот во европските и евроатлантските институции, посочи портпаролот.

Аксој рече дека Анкара се надева дека Франција ќе вложи барем онолку напори колку што вложува Турција за интеграцијата на Балканот во ЕУ и НАТО.

– Во таа смисла и препорачуваме на Франција да се обиде подобро да ги разбере напорите на Турција за одржување стабилност на Балканот, изјави Аксој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...