Адел: До неодамна плачев, сега се потам

168

По разводот од доскорешниот сопруг Сајмон Конецки (45), пејачката Адел не може да ја тргне насмевката од своите слики на социјалните мрежи.

Многумина сметаат дека тоа е поради забележливо помалиот број килограми што таа сега ги има во однос на претходно. По снимките од роденденот на својот колега Дрејк, не стивнуваат коментарите од обожавателите околу тоа дека таа сега е многу послаба.

А тоа, пак, се должи на тоа што таа сега „си посветува повеќе време себеси“ и почесто е во сала за вежбање.

„До неодамна плачев, сега се потам“, рече таа во еден од своите коментари.

Адел и 14 години постариот Сајмон Конецки се венчаа 2016 година, по пет години минати во врска. Официјално се разведоа минатиот месец, а гласините говорат дека сега таа е во врска со раперот Скептa.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...