Барате работа во странство, австриските ски центри бараат работници

Се работи шест дена во неделата односно од 48 до 52 работни часови, а дневницата може да достигне и до 100 евра зависно од работното место.

437

Австриските ски центри објавија огласи работници за новата ски сезона,  каде платите може да достигна до 100 евра на ден.  

Готвачи, келнери, рецепционери и собари се бараат во австриските ски центри. Ангажманот е за периодот од 15 ноември, односно од 1 декември до Велигден, во зависност од работодавачот и неговите потреби.

Се работи шест дена во неделата односно од 48 до 52 работни часови, а дневницата може да достигне и до 100 евра зависно од работното место. Помошните келнери имаат, на пример плата, од 1.500 до 1.700 евра. Шефовите на оддели во хотелот имаат плати од 1.800 до 2.000 месечно.

Со доволното работно искуство во Австрија може да се стекнете со право на пензија во таа земја, без оглед што се станува збор за сеозонска работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...