Почина рускиот писател и дисидент Владимир Буковски

103
FOTO MIA

Советскиот писател и дисидент Владимир Буковски почина вчера во болница во Кембриџ, Англија, на 76-годишна возраст.

Причината за смртта е прекин на работата на срцето. Неговото здравје последниве неколку години беше влошено.

Буковски беше познат како дел од дисидентското движење во СССР, а 1972 година бил и осуден на две години затвор и пет години егзил поради антисоветски активизам.

Од 1976 година живееше во Англија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...