Почнува фестивалот „Десонанс 2019“

52

Од денеска до 2 ноември на повеќе локации во Скопје ќе се одржува Фестивалот за современа музика и експериментална уметност „Десонанс“.

Фестивалот ќе биде отворен со мултимедијалниот перформанс „On Selfhood“ и концерт на Шадах Туум (САД/Франција) во Кино Фросина (МКЦ).

Низ шесте фестивалски денови, програмата оваа година поврзува и обединува не само повеќе жанрови на уметност и стилови на музика, туку воспоставува и временски нишки низ историјата на експерименталната уметност и електронската музика од своите рани искри до денешницата, велат организаторите на „Десонанс 2019“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...