Џејн Фонда, наградена па уапсена

417

Џејн Фонда прими престижна награда на Британската филмска академија додека полицијата во лисици ја носеше од протестот против климатски промени во Вашингтон.

Како добитничка на наградата за животно дело „Стенли Кјубрик“, 81-годишната американска актерка и активистка требаше да присуствува на церемонијата на доделувањето на наградите БАФТА Британија во Лос Анџелес, но беше во притвор.

Снимките од приведувањето на Фонда ѝ беа пуштени на публиката и додека полицијата ја водеше, таа можеше да се слушне како извикува: „БАФТА, ти благодарам, многу сум почестена“.

Фонда беше еден од 17-те демонстранти кои во петокот беа приведени поради незаконско протестирање, но полицајците ги опиша како „многу фини и професионални“.

Таа вели дека се инспирирала од младата шведска активистка Грета Тунберг, па привремено се преселила во Вашингтон за да може да биде повклучена во протестите против климатски промени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...