Претседателот на Чиле најави реконструкција на Владата

Изјавата ја даде по масовниот, но мирен протест, за време на кој синоќа, еден милион Чилеанци излегоа на улиците на Сантијаго барајќи реформи на економскиот модел на земјата.

117

Претседателот на Чиле Себастијан Пинера денеска повика на реконструкција на владата во обид да ги смири демонстрантите, кои веќе една недела протестираат против нееднаквоста во таа јужноамериканска земја.

– Ги предупредив сите мои министри за да го реконструирам новиот кабинет и да се соочат со овие нови барања – изјави Пинера пред новинарите.

Изјавата ја даде по масовниот, но мирен протест, за време на кој синоќа, еден милион Чилеанци излегоа на улиците на Сантијаго барајќи реформи на економскиот модел на земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...