Ердоган: Ќе ја исчистиме североисточна Сирија од Курдите, ако Русите не го исполнат ветеното

Тој повторно се закани дека ќе ги отвори ширум вратите за бегалците да можат да одат кон Европа доколку европските земји не го поддржат планот на Анкара за создавање „зона на безбедност“ во североисточна Сирија.

1028
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Доколку Русија не ги исполни обврските од билатералниот договор постигнат неодамна, Турција ќе го „исчисти“ граничното подрачје во североисточна Сирија од курдските сили, предупреди денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој повторно се закани дека ќе ги отвори ширум вратите за бегалците да можат да одат кон Европа доколку европските земји не го поддржат планот на Анкара за создавање „зона на безбедност“ во североисточна Сирија.

Според договорот постигнат во вторникот, руската воена полиција и сириските граничари треба да ја исчистат областа на оддалеченост од 30 километри од турската граница од припадниците на курдските сили во Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...