Се прават последните подготровки пред откупот на тутунот

Од страна на компаниите е нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот.

40

Потребно е брзо формирање на Комисија за верификација на мострите од тутунот, бројот на откупните места и контролата на откупот од страна на овластените инспектори.Ова беше заклучено на средбата на директорот на државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, со претставниците на компаниите регистрирани за откуп на тутун и на Сојузот на земјоделски здруженија.

Како што соопшти Државниот инспоекторат за земјодлество, средбата е организирана во пресрет на претстојниот откуп на тутунот кој годинава ќе се реализира според новиот Закон за тутун.

Од страна на компаниите е нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот.

Шапуриќ истакна дека Инспекторатот за време на откупот на тутунот, максимално ќе биде присутен на терен и дека ќе претстои интезивен инспекциски надзор за време на откупот, но побара и редовна комуникација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...