Трамп: Притисок врз Северна Кореја се додека земјата не се откаже од нуклеарното оружје

Трамп изјави дека кампањата за максимален притисок врз Северна Кореја ќе продолжи се додека таа држава не се откаже од нуклеарното оружје.

47

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кампањата за максимален притисок врз Северна Кореја ќе продолжи се додека таа држава не се откаже од нуклеарното оружје.

На заедничката прес-конференција со јапонскот премиер Шинѕо Абе тој нагласи дека „мора да се прекине со нуклеарното оружје, и идеално би било во сите делови од светот“.

Во врска со средбата со Ким Џонг-ун, тој рече дека ќе направи се таа средба да успее и дека ако смета дека нема да биде успешна, нема ни да оди на неа. Тој додаде дека ако процени дека средбата нема да донесе резултат, „со должна почит“ ќе ја напушти веднаш по почетокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...