Српскиот претседател, Александар Вучиќ, тврди дека државата Србија им помага на најголемите клубови, Црвена ѕвезда и Партизан.
– Ако државата не даваше пари за Партизан, тој клуб не би добил лиценца за еврокуповите и денеска не би играл против Манчестер јунајтед. Да не беше државата, Ѕвезда тешко дека би го имала Газпром за спонзор. Ако овие клубови не играа во Европа, повторно државата ќе беше виновна. Се грижиме за клубовите и балансирано ги помагаме – рече Вучиќ.
Црвена ѕвезда игра во Лигата на шампионите, Партизан во Лига Европа, во Белград доаѓаат големи клубови, меѓу кои и Манчестер јунајтед кој вечерва ќе се сретне со „црно-белите“ во групната фаза од Лига Европа.