Шри Ланка: За последиците од нападот одговорен е шефот на тајната служба

36
Photo: EPA / M.A. PUSHPA KUMARA

Парламентарната комисија на Шри Ланка заклучи дека шефот на државната разузнавачка служба Ниланта Јајавардена  е одговорен за грешките при работата, што доведоа до смрт на 269 лица.

Во извештајот на Комисијата се посочува дека Јајавардена добил известување за можни напади уште на 4 април, 17 дена пред нападот на бомбашот-самоубиец, но не ги споделил тие информации со други агенции. Тој речиси една година претходно побарал од властите да покренат истрага против организаторот на нападот Мохамед Захран.

Во серија експлозии во април на Шри Ланка загинаа најмалку 158 лица, меѓу кои 35 странци. Експлозиите се случија во цркви, каде верниците се собираа по повод Велигден, како и во луксузни хотели во главниот град и околината.

Photo: EPA / M.A. PUSHPA KUMARA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...