Каде најдобро, а каде најлошо се заработува во земјава?

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е поголема за 3,8 отсто..

1040

Највисоките плати, според податоците на Државниот завод за статистика, во август се се исплатени во секторот „компјутерско програмирање“ каде што просекот е 63.870 денари. Следат секторите „информации и комуникација“ каде што во август просекот достигна 46.384 денари, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“, со просек од 44.362 денари, „финансиско-услжни дејности“, 43.023 денари и „воздухопловен транспорт“ каде просечно се зара ботува по 41.337 денари.

Далеку под просекот пак се платите во секторот „заштита и истражување“ со просек од 13.703 денари, „производство на кожа“ од 15.178 денари, „рибарство и аквакултура“ каде што просекот е 15.430, денари како и во секторите „услуги поврзани со одржување на згради, животна средина и природа“ со просек на плата од 15.614 денари и „производство на облека“ каде што во август е изплатена 15.991 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е поголема за 3,8 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...