Норвешката полиција го уапси и вториот осомничен за украденото амбулантно воизло

216

Норвешката полиција соопшти дека е уапсена жената која ја бараа заради врска со крадецот на амбулантното возило со кое денеска во инцидент во Осло беа повредени три лица, од кои две се бебиња, јави ДПА.

– Таа е уапсена неколку часа по инцидентот – изјави на прес конференција Јохан Фредериксен од полициските сили во Осло.

Станува збор за 32-годишна Норвежанка, која ќе биде осомничена за обид за убиство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...