Просечната нето плата достигна износ од 25.127 денари

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2019 година изнесува 37.322 денари.

142

Просечната месечна нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува 25.127 денари и во споредба со август лани е повисока за 3,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување е резултат на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите: „здравство и социјална заштита“ за 10,9 отсто, „транспорт и складирање“ за 7,3 отсто и „информации и комуникации“ за 5,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „информации и комуникации“ за 4,7 отсто, „уметност, забава и рекреација“ 3,5 отсто и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,3 отсто.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2019 година изнесува 37.322 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...