Јавното претпријатие за државни патишта објави втор тендер за избор на компанија која ќе ги гради првите два километри од авотпатот Скопје – Блаце.
На тендерот се проценува нова сума на трошоци за изградба на двата километри од автопатот односно 12,5 милиони евра.
Планирано е овој дел од автопатот да се изгради 18 месеци. Веќе од наредната година треба да почне градбата и на делот до Скопје кој е долг 10,5 километри и да се гради 36 месеци.
На првиот тендер кој беше поништен неодамна компанијата која се јавила дала повисока понуда од она што било предвидено.