Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговите либерали победија на вчерашните парламентарни избори и ќе ја формираат следната малцинска влада, објавија канадските медиуми.
Најголемите телевизии на француски и на англиски јазик објавија дека Либералната партија на Канада на Трудо не освои апсолутно мнозинство.
Според Изборната комисија врз основа на 18 отсто преброени гласови, либералите освоија 145 пратенички места, додека Конзервативната партија на Канада на Ендру Шир има 106 пратеници.
Канадскиот Парламент има 338 пратеници, што значи дека за мнозинство потребни се 170 мандати.
Сепаратистичкиот Блок на Квебек ќе има 33 пратеници, додека левичарската Нова демократска партија – 20.
ФОТО: EPA / VALERIE BLUM