Ексхумација на Франциско Франко в четврток

Посмртните остатоци ќе бидат извадени од големиот мавзолеј во комплексот Долината на паднатите надвор од Мадрид и со хеликоптер ќе бидат префрлени во дискретен гроб во близина на главниот град.

112

Шпанската Влада соопшти дека в четврток ќе ги ексхумира и префрли посмртните останки на некогашниот воен диктатор, генералот Франциско Франко.

Како што е соопштено, посмртните остатоци ќе бидат извадени од големиот мавзолеј во комплексот Долината на паднатите надвор од Мадрид и со хеликоптер ќе бидат префрлени во дискретен гроб во близина на главниот град.

Постапката е одобрена откако Врховниот суд неодамна ги одби приговорите на семејството на Франко.

Владата се одлучи за ексхумација пред одржувањето на парламентарните избори во Шпанија на 10 ноември.

Франко владееше со Шпанија од 1939 до 1975 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...