Тече рокот за аплицирање за субвенции за млеко и за заклани несилки

До 5 ноември е и рокот за поднесување барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки.

62

Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот од мај до септември годинава. Висината на субвенцијата за овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, а за кравјо млеко 3,5 денари по литар.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопштија дека млекопроизводителите може да ги поднесуваат барањата електронски најдоцна до 5 ноември.

До 5 ноември е и рокот за поднесување барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки.

Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање.

Оние фармери кои не можат сами да креираат е-барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...