Сите продавници и трговски центри во Црна Гора вчера не работеа бидејќи стапија на сила измените на закон за домашна трговија, со кој недела и државни празници се неработни денови и за трговските објекти, односно може да се пазари само во специјализирани продавници.
Според законот, само аптеките, продавниците за леб, цвеќарниците и бензинските пумпи можат да работат во недела.