НАСА со необична фотографија од спирална галаксија

110
ФОТО: МИА

НАСА објави уникатна слика од спиралната галаксија НГЦ-4380, којашто наликува на „портал кон друга димензија“.

Кадарот е снимен благодарение на вселенскиот телескоп Хабл. Сепак, иако изгледа необично и естетски убаво, НГЦ-4380 е всушност сосем обична вселенска формација.

Таквите спирални облици се среќаваат доста често во Вселената.

НГЦ-4380 се наоѓа во соѕвездието Девица. Галаксијата на 10 март 1826 година ја открил англискиот астроном Џон Хершел.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...