Тој минатата недела предложи самитот да се одржи во неговиот хотел „Дорал“, но се откажа по бројните критики, пренесува „Глас на Америка“.
Трамп на Твитер ги обвини медиумите и демократите што се спротивставија на одржувањето на самитот во „Дорал“.
– Мислев дека правам нешто многу добро за нашата земја, да ги пречекам лидерите на Г7 во хотелот „Дорал“, кој е голем, лоциран до меѓународниот аеродром во Мајами, има одлични сали и секоја делегацијата ќе има зграда од 50 до 70 соби. Реков дека ќе го сторам тоа без профит или ако е законски дозволено, без трошоци за САД. Сепак, како и обично, непријателските медиуми и нивните демократски партнери полудеа, напиша Трамп на Твитер.
Тој најави дека ќе се разгледаат други локации за одржување на самитот, меѓу кои и Кемп Дејвид, претседателската резиденција во Мериленд.