Ердоган ќе враќа два милиони бегалци во Сирија

195
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје, за да може Анкара да врати околу два милиони бегалци.

Калин додаде дека Ердоган за тоа ќе разговара во вторник со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

Сириските сили навлегоа во одредени делови во близина со границата со Турција, во согласност со курдските сили, врз кои Анкара покрена офанзива. Тоа ги наруши плановите на Турција за создавање на „безбедна зона“ јужно од својата граница со Сирија, каде би можела да ги испрати сириските бегалци кои сега живеат во Турција. Таа територија претходно ја напуштија американските војници.

Калин посочи дека бегалците не сакаат да се вратат во делови на Сирија, што се „под контрола на режимот“.

– Ова е една од темите за кои ќе дискутираме со Русите, бидејќи ние нема да ги присилуваме бегалците да одат таму каде не сакаат. Сакаме да им создадеме поволни услови за враќање, услови во кои ќе се чувствуваат безбедно – истакна Калин.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...