Крими „Скандал“ во Театар Комедија

534

Во Театар Комедија вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“.

– „Театар провокација“ подготви нова провокативна интерактивна претстава во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон… – вели режисерот Ристов, кој ја изработи и сценографијата за претставата.

Според него, се работи за урнебесна крими-комедија од која очекува да биде успешна исто колку и претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија.

Во улогите ќе настапат  Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...