Главната турска опозициска Репуликанска народна партија (ЦХП) денеска побара укинување на вонредната состојба, што е воведена по неуспешниот обид за државен удар во јуни 2016 година.
Барањето на опозицијата уследи откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска најави предвремени парламентарни и претседателските избори во јуни.
– Под итно мора да се укине вонредната состојба, не може да се одржат избори додека е во сила вонредна состојба – изјави портпаролот на ЦХП, Булент Тезчан.
Ердоган најави дека парламентарните и претседателскитете избори ќе се одржат на 24 јуни, една година пред редовниот термин.