Иако се чини дека кралскиот живот е совршен, тоа сепак не е така. Неодамна војводката од Сасекс Меган Маркл дала интервју за ITV, документарец во кој се расплакала. Навела дека имала многу проблеми обидувајќи се да избори со животот пред будното око на јавноста.
Војвотката објаснила дека периодот по стапувањето во брак со принцот Хари и раѓањето на синот за неа бил навистина тежок.
– Ти благодарам што ме праша како сум. Одамна никој не ме прашал како навистина се чувствувам – му одговорила на водителот низ солзи.
Водителот ја прашал и дали нејзиниот сопруг е премногу заштитнички настроен кон неа поради сѐ што се случило на неговата мајка, принцезата Дијана.
– Мислам, не знам… едноставно кога жената е бремена, таа е премногу емотивна. Тоа се случува и тоа е нормално. Не можам да ги контролирам својте емоции, чувствувам голем притисок, особено сега откако се роди бебето – кажала Меган.
И принцот Хари пред камерите зборувал за својот приватен живот.
– Секој блиц од камерата ми создава голема анксиозност. Се чувствувам ужасно. Чувствувам голем товар бидејќи сум член на кралско семејство – изјавил тој.