Прва женска прошетка во Вселената

НАСА ја планираше првата вселенска прошетка на тим составена од жени на крајот од март, но мораше да ја откаже поради недостаток на скафандери со соодветна големина.

140
FOTO MIA

Астронаутките на НАСА, Кристина Кох и Џесика Мејр денеска излегоа од Меѓународната вселенска станица за да го заменат неисправниот уред за напојување.

Со тоа Кох и Мејр се дел од првата женска екипа што излегла во Вселената.

НАСА ја планираше првата вселенска прошетка на тим составена од жени на крајот од март, но мораше да ја откаже поради недостаток на скафандери со соодветна големина.

Новите скафандери овозможуваат поголема подвижност на астронаутите, а технологијата што ја содржат значи подолго патување во Вселената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...