Брендот MaxBet пристигна на македонскиот пазар

Во земјава, новите обложувалници ќе бидат достапни на територија на 7 градови и тоа: Скопје, Куманово, Битола, Кичево, Гостивар, Прилеп и Тетово.

1237

Компанијата MaxBet, која поставува нови стандарди во игрите на среќа, од денес достапна и во Македонија под мотото „Животот е игра“

Најпознатиот европски бренд MaxBet од денес – 18.10.2019 и официјално стана дел од македонскиот пазар на игри на среќа! Очекуваме и на македонскиот пазар на игри на среќа, да го донесат она што го бараат играчите, највисоки и најдобри коефициенти во пакет со тим од професионалци кои ќе стојат на располагање.

MaxBet е компанија со моќна мрежа во областа на игри на среќа. Внимателно го следат развојот на иновациите во сферата на игрите на среќа на глобално ниво, па согласно со него, постојано и посветено развиваат стратегии и бараат нови предизвици.
MaxBet важи за општествено одговорна компанија, која е формирана во 1997-ма година под името „ЈуКријкос“. По неколкугодишното функционирање и сериозни напори за успешност во својата сфера, од млада компанија прераснува во препознатлив гигант кој во 2008-ма година добива ново име – MaxBet.

Денес MaxBet работи во многу градови низ Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Африка и од скоро во Македонија.

Во земјава, новите обложувалници ќе бидат достапни на територија на 7 градови и тоа: Скопје, Куманово, Битола, Кичево, Гостивар, Прилеп и Тетово.

Според најавите на менаџерскиот тим на MaxBet, до крајот на наредната година ќе бидат присутни со 100 обложувалници ширум нашата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...