Доколку Советот на Европа каже „не“ за отворање преговори на Албанија со ЕУ, нема да има предвремени избори и Владата ќе ја продолжи со својата работа.
Ова за емисијата „Опен“ на тиранската телевизија Топ канал го изјави албанскиот премиер Еди Рама, што е негова прва изјава по враќањето од Брисел а во врска со шпекулациите дека земјата ќе оди на предвремни избори.
– Ние не само што нема да одиме на предвремени избори, туку ќе ја продолжиме нашата работа. На 19 октомври сонцето ќе изгрее повторно. Албанија нема зошто да оди на предвремени избори, бидејќи земјата направи се за овој процес. Доколку предвремените избори би го решиле проблемот меѓу Франција и Германија ќе размислував сериозно – изјави Рама.
Тој е со став дека нема гласање против Албанија, има само едно внатрешно прашање на ЕУ.
Во земјата, се почести се ставовите на аналитичарите, поранешни министри и секако опозицијата, дека на Албанија и се потребни предвремени парламентарни збори.
Опозицијата истовремено најави дека ќе продолжи со масовните „национални протести“ за соборување на Владата на Рама.
ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER