Штрајк во Каталонија, откажани над 50 летови на аеродромот во Барселона

409

Во Каталонија денеска е прогласен генерален штрајк: затворени се неколку транспортни артерии во оваа шпанска автономна област, аеродромот во Барселона откажа повеќе од 50 летови, а јавниот транспорт се одвива со зголемени интервали, јавија агенциите.

Штрајкот го организираат двата најголеми регионални синдиката – CSC и Алтернатива за Каталонија, а е во врска со изрекувањето на пресудите на Врховниот суд на Шпанија за 12 каталонски лидери, во понеделникот. Најголемите синдикати во земјата „Работни комисии” и „Сеопштата унија на трудбениците” не го поддржаа штрајкот на нивните каталонски колеги.

Заради протестните акции, митинзи и движење на таканаречениот „Марш за независност” во моментов се затворени патиштата и автопатиштата што водат кон Андора. Петте протестни акции, што тргнаа од пет различни града, во правец кон каталонската престолнина, за учество во „Маршот на независноста”, веќе се наоѓаат во непосредна близина на Барселона.

Денеска од аеродромот „Ел Прат“  во Барселона откажани се 55 летови.

Освен политички, организаторите на штрајкот имаат и серија барања поврзани со условите за работа – откажување од реформата на трудот, зголемување на минималната плата, како и преземање на „итни мерки” за борба со климатските промени.

Ова е четврт генерален штрајк во Каталонија во последните две години.

Во моментов трае и тридневниот студентски штрајк, што почна во средата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...