Асад: Сирија ќе одговори на агресијата со сите легитимни средства

525

Сирија ќе одговори на турската агресија во кој било дел од нејзината територија „со сите легитимни средства“, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

Асад изјавата ја даде за сириските медиуми откако Дамаск и Сириските демократски сили предводени од Курдите постигнаа договор за одбрана од нападите од Турција.

Минатата недела, Турција започна операции во североисточна Сирија со образложение дека се насочени кон упориштата на Курдите, кои ги смета за терористи и закана за нејзината безбедност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...