Стопанска банка а.д. Битола во соработка со Mastercard креираше слатко изненадување за сите свои веќепостоечки и нови клиенти. Станува збор за промотивен ДВОЕН CASHBACK кој ќе имаат можност да го добијат сите корисници на Mastercard Standard картичката на Стопанска банка а.д. Битола. Корисниците на многу едноставен, брз и поволен начин можат да извршат поврат на дел од своите потрошени средства. Поволноста на оваа единствена понуда предизвика огромен интерес кај клиентите и резултираше со видлива побарувачка на Mastercard Standard платежните картички на Стопанска банка а.д. Битола.
Сите корисници на Mastercard Standard картичката на Стопанска банка а.д. Битола која е кредитен производ со лимит до 500.000 денари и фиксна каматна стапка за првата година од 7,99%, ќе имаат единствена можност да добијат ДВОЕН CASHBACK на потрошените средства. За направен годишен промет со Mastercard Standard картичката кој е еднаков или поголем од 100.000,00 денари корисниците ќе добијат 1% поврат на средства, а доколку истовремено редовно ги сервисираат обврските ( до 10-от ден во месецот) во текот на календарската година за која се однесува прометот ќе добијат дополнителен cashback од уште 1% на прометот на годишно ниво.
Под годишен промет се подразбира користење на картичките во продажна мрежа (ПОС) или на банкомати (АТМ) во земјата и странство.
Стопанска банка а.д. Битола води грижа за сите ваши потреби и желби и со овој единствен ДВОЕН CASHBACK додека уживате во трошењето дел од вашите средства ќе се акумулираат и средствата од двојниот cashback ќе бидaт префрлени на вашата трансакциска сметка на првиот работен ден во новата календарска година.
Двоен cashback за двојно повеќе слатки задоволства и уживањe!