Фити: Оставрлив е економски раст од 3,2 отсто

Многу е важно како ќе се држи извозот, кај извозот имаме квалитативни подобрувања, поместувања, благодарение на странските инвестиции во зоните, вели претседателот на МАНУ.

248

Остварлива е стапката на економскиот раст на земјава од 3,2 отсто за оваа година, иако ММФ и Светска банка деновиве излегоа со проекција дека годинава економскиот раст ќе биде 2,8 отсто, смета претседателот на Македонската Академија на Науките и уметностите(МАНУ), Таки Фити, кој денеска на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ присуствуваше на промоцијата на книгата „Патеките на транзицијата“: емпириска анализа на македонската и бугарската економија, а работена како меѓународен проект меѓу МАНУ и БАН.

Фити вели дека по надминување на политичката криза полека почнале да растат инвестициите и личната потрошувачка.

-Многу е важно како ќе се држи извозот, кај извозот имаме квалитативни подобрувања, поместувања, благодарение на странските инвестиции во зоните. Значи оваа стапка е остварлива. Инаку Македонија не оваа година, туку 2019 година и натаму мора да направи се да постои стапки на раст меѓу 4,5 и 5 отсто. Тоа е потенцијалот на македонската економија, ако сакаме да одиме напред – рече Фити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...