Родителите на Хари Дан велат дека ќе ја продолжат битката откако на состанокот во Белата куќа, Трамп им кажал дека Американката која наводно е одговрна за смртта на нивниот син, нема да се врати во Велика Британија, пренесува „Метро“.
Ен Сакулс ја напушти Британија по несреќата во која животот го изгуби 19-годишниот Хари.
Неговите родители велат дека одбиле да ја видат Сакулс, која била во Белата куќа за време на нивниот состанок со Трамп.
Шарлот Чарлс и Тим Дан тврдат дека по средбата со Трамп „има мало подобрување“.
– Не ги добивме одговорите кои ги сакавме. Не можеа да ни кажат кој ја донел одлуката таа да се врати во САД. Ние прашавме колку долго е таа тука и тие ни одговорија три недели – вели Чарлс.
Тим Дан рече дека не биле подготвени да се сретнат со Сакулс.
– Не дека не сакавме – ние сакавме средба со неа во Велика Британија – додаде тој.
Но, тој кажа и дека понудената средба не му изгледала форсирана.
Осомничената за несреќата е сопруга на американски дипломат кој е во Велика Британија.
ФОТО: Метро