Харадинај нема да биде пратеник во новиот состав на косовскиот Парламент

76
PHOTO: EPA/OLIVIER HOSLET

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека нема да биде пратеник во новиот состав на косовскиот Парламент, пренесе приштинскиот дневен весник „Зери“.

Харадинај соопшти дека неговото место ќе го заземе партиски колега, но дека тој и натаму ќе  биде партиски лидер на „Алијанса за иднината на Косово“ (ААК), која, според него, има потреба од реформи.

„Своето место во парламентот им го оставам на колегите, но ќе продолжам да ги држам отворени вратите на „Алијансата“ за нужната реформа, која беше побарана од народот“, напиша Харадинај.

ААК, предводена од него, и Социјалдемократската партија (СДП), кои заедно се натпреваруваа на предвремените избори на 6 октомври, освоија 11,57 отсто од гласовите и се најдоа на четвртото место по Движењето Самоопределување, Демократската лига на Косово (ЛДК) и Демократската партија на Косово (ПДК).

PHOTO: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...