Можна е новa авиолинија Скопје – Тел Авив

390

За можноста за воспоставување на нова директна авиолинија од Скопје до Тел Авив,  се разговарало на средбата меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со почесниот конзул на Македонија во Израел, Шломо Грацијани и директорот на Директоратот за воневропски држави, амбасадорот Пајо Авировиќ.

– Развојот на авиосообраќајот е стратешка определба на владата и нашите активности се насочени кон проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните, преку воспоставување на нови директни авиолинии и интензивирање на соработката со останатите земји во светот. Оваа средба беше одлична можност заеднички да ги разгледаме условите за воведување на нова авиолинија Скопје – Тел Авив, која би била од бенефит за двете земји – изјави Сугарески.

Воспоставувањето на оваа линија ќе придонесе за развој на туризмот, зголемување на економската соработка и промоција на културните вредности и природни богатства на двете земји, истакнал Сугарески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...