Маратонците од Нова Градишка во чест на Тоше Проески утре доаѓаат во Крушево

385

Во Крушево утре ќе бидат пречекани учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески. На 16 октомври 2007 година Тоше Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше на Гумење.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...