Како Балканот ќе стигне до роаминг како во ЕУ ќе се обелодени на Самитот во Софија

Габриел не сакаше да открие колкав ќе биде првичниот процент на намалување, но посочи дека прво очекува Косово и Албанија да им се приклучат на останатите четири земји кон оваа иницијатива.

386

Евокомесарката за дигитална економија и општество, Марија Габриел на првата прес-конференција на Дигиталниот самит во Скопје најави дека на Самитот на ЕУ за Западен Балкан на 17 мај во Софија ќе го претстават конкретниот план за намалување на целите за роаминг.

– Ние заедно со институците и операторите неколу месеци разговараме и преговараме што ни дозволува на 17 мај во Софија да претставиме конкретен план за намалување на цените за роаминг што и за нас и за сите граѓани од шестте држави е многу важно – изјави еврокомесарката.

Таа не сакаше да открие колкав ќе биде првичниот процент на намалување, но посочи дека прво очекува Косово и Албанија да им се приклучат на останатите четири земји кон оваа иницијатива.

– Една од првите конкретни чекори е Косово и Албанија да станат дел од тоа, за да можеме да имаме поголема легитимност и тежина кога преговараме. На никаков начин да не дозволиме да се произведуваат поделеност поради дигитализацијата, а тоа ќе го постигнеме ако сите шест земји од Западен Балкан се заедно – рече Габриел.

Еврокомесарката порача дека Западен Балкан е дел од Европа и оти за овој регион најважни се младите луѓе и работните места кои се отвораат со дигитализацијата. Најважно е младите, порача таа да бидат поддржани, да им се стави акцент на дигиталните способности и да се инвестира во нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...