Зошто не покажуваме солидарност со Курдите?

Курдите се последните на Земјата без сронета солза од човештвото и без камери и новинари да го документираат нивниот крај. Како еден од најбројните народи и етникуми без сопствена држава, негирано им е правото да бидат дел од човечката заедница. 

1813
Интересно е како народ кој има најсилен наратив на Балканот за неправдите на соседите, држава која последна се формирала, народ толку опседнат со идентитет и национализми, митови и синдром на жртва, не пронаоѓа и не покажува никаква солидарност кон Курдите.
Курдите се последните на Земјата без сронета солза од човештвото и без камери и новинари да го документираат нивниот крај.
Како еден од најбројните народи и етникуми без сопствена држава, негирано им е правото да бидат дел од човечката заедница. Нивниот идентитет е уништен низ модерните форми на геноцид: во крв да се задуши секое право на некое малцинство, или тоа да се негира, но да им се негира и земјата на која се родени, нивниот дом, нивниот јазик, културата, религијата, секој нивни исклесан или неисклесан камен, до уништување на нивната севкупна меморија.
Секоја наша мака како народ и нација, не вредат пет пари, кога не покажуваме грижа и интерес за народите со слична судбина. Затоа и не знаеме да се заштитиме и зачуваме, да се менуваме низ некоја целовитост, зошто мислиме дека сė е реалполитика, и дека културната или духовната важност се безвредни, дека сė може да се замени со некаков си политички инженеринг.
Големата лекција на историјата е дека цивилизациите продолжуваат, техничкиот напредок се усовршува, но културите се тие кои пропаѓаат.
Сево ова доста кажува какви скапаници сме и празни плачковци.
(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...