Кејт во болница носи ароматични свеќи и фотографија од кралицата

Британија е во исчекување на раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

396

Британија е во исчекување на раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а британскиот магазин „ОК!“ тврди дека е позната содржината на торбата што војвотката ќе ја понесе во родилиштето.

Според информацијата, во торбицата на Кејт има цеде со релаксирачка музика, ароматични свеќи, играчки од нејзините две постари деца и привезок што го смета за талисман.

Наводно, Кејт со себе во болницата понела и фотографија од бабата на нејзиниот сопруг, Кралицата Елизабета Втора, како и фотографии од своите родители.

Принцот Вилијам и Кејт ги имаат децата Џорџ и Шарлот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...