Ако постои еден ден во животот кога луѓето сакаат да изгледаат најдобро што можат, тогаш тоа е денот на нивната венчавка. Но, не секогаш оди се најдобро.
Во оваа топла, животна серија, љубовниците кои влегле во рутина, како психички така и физички, поминуваат низ радикални трансформации со цел да изгледаат што подобро на денот на венчавката.
Со повеќе од 20 години искуство, стилистот Џорџ Коциопоулис прифаќа еден од најголемите предизвици: да направи чудо од безживотни и безжелни луѓе. Без разлика дали тоа е депилација, трајна шминка или нови заби, серијата ги следи сите подеми и падови на овие двојки на патот кој го поминуваат за да го подобрат својот изглед.
Но, дали ќе бидат задоволни со резултатите и ќе го прифатат новиот изглед? Тоа ќе го откриете од недела, 22 април, во 21 часот.