Вупно 1.995 фирми и 2.520 физички лица се на најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП) кои не платиле даноци придонеси и царини. Дел од нив се на листата подолг периоддодека дел се за прв пат.
Вкупниот долг кон државата според УЈП изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари, додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари.
На листата се јавните претпријатија Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железницата, како и повеќе општински комунални претпријатија.
Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а и на оваа листа не изостана името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, но и приватни здравствени установи
Неколку месеци со ред на листата е и фудбалскиот клуб Вардар неколку авторски агенции како и познати адвокати.