Четвртиот Меѓународен филмски фестивал на духовни и хумани човечки вредности „Богородичен покров“ ќе се одржи од денеска до 19 октомври во Кинотека во Скопје.
На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан рускиот игран филм „Варава“.
Филмовите кои ќе се прикажат се од државите Русија, Чешка, Унгарија, Романија, Србија. Целта на фестивалот е да придонесе за воздигнување на човечките, духовните и семејни вредности во општеството. Организатор на фестивалот е Топ Ворлд – независна ТВ продукција од Скопје.