Секс скандал на соработник на Орбан може да биде погубен за изборите во Унгарија

3653
ФОТО: EPA / ARIS OIKONOMOU / POOL

Секс скандал со експлицитни снимки од соработник на Орбан ќе влијае на изборниот резултат, пишуваат медиумите на денешниот ден кога се во тек локалните избори во Унгарија.

Видеото со оргијата на Жолт Боркаи, поранешен олимписки шампион во гимнастика и градоначалник, кое се појави на интернет, датира од минатата година и снимено е на јахта во близина на Дубровник.

Тој е снимен и сликан како ужива во друштвото на неколку проститутки од Хрватска. Првите фотографии се појавија претходно и ставија дамка врз кампањата. Боркаи му се извини на своето семејство, но не даде оставка. Тој демантираше дека консумирал дрога со проститутките. Во кампањата се претставуваше како семеен човек промовирајќи ги христијанско конзервативните вредности.

ФОТО: EPA / ARIS OIKONOMOU / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...