Сопругата на американскиот дипломат под стрес и без имунитет откако усмрти човек

- Се надеваме дека таа самата ќе одлучи да се врати и дека ова беше само лош совет кој го добила од американските власти, вели адвокатот на семејството на загинатиот, Марк Стивенс.

1039

Жената на американскиот дипломат доби имунитет по сообраќајната несреќа во која загина тинејџерот Хари Дан, а според нејзината адвокатка, таа е „мошне растревожена поради трагичната несреќа“.

Адвокатката на Ен Сакулс, Ејми Џефрес рече дека нејзината клиентка ќе „продолжи да соработува со истрагата“.

Четириесет и двегодишната Сакулс ја напушти Велика Британија и замина во САД со својот дипломатски имунитет и покрај тоа што е осомничена за несреќата која резултираше со смртта на 19-годишникот.

Но, штом таа стигнала дома, нејзиниот имунитет престанал да важи, пренесува „Би-Би-Си“.

Ен наводно би сакала да ги види родителите на загинатиот за да им искаже сочувство и да се извини за трагедијата.

– Се надеваме дека таа самата ќе одлучи да се врати и дека ова беше само лош совет кој го добила од американските власти – вели адвокатот на семејството на загинатиот, Марк Стивенс.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...