Разбиени дилери со дрога во близина на Економскиот факултет во Атина

Трговијата со дрога се одвивала во напуштен ненаселен објект, а од грчката полиција коментираат дека криминалната организација функционирала како „трговско претпријатие“ со оглед на тоа што дилерите работеле секој ден, 24 часа, во смени.

109

Грчката полиција разби криминална организација кој продавала дрога во околината на Економскиот факултет во Атина, но и во други населби, а работела на база 24часа достапност, при што биле запленети сите видови дрога во вредност од над 100 илјади евра и уапсени 10 лица, jави дописничката на МИА од Атина.

Трговијата со дрога се одвивала во напуштен ненаселен објект, а од грчката полиција коментираат дека криминалната организација функционирала како „трговско претпријатие“ со оглед на тоа што дилерите работеле секој ден, 24 часа, во смени.

Дрогата се продавала преку прозорците или отворените дупки на ѕидовите, а криминалната организација располагала со широк спектар и речиси сите видови дроги, хероин, кокаин, хашиш, екстази и сл.

Полицијата уапсила 10 лица, меѓу кои и водачот на криминалната организација, а секој од членовите имал посебна задача, тројца биле дневна смена од 10 до 22 часот, двајца ноќна смена од 22 часот до 10 наутро, другите пак биле задолжени за магацинот во кој се чувала дрогата и за трговијата.

Биле запленети нас еден килограм хероин, над 20 килограми канабис, 152 грама кокаин, над 500 грама од дрогата шиша, 2221 таблети екстази, како и оружје.

Процените на полицијата се дека од запленетата дрога, криминалната организација нелегално ќе добиела над 100 илјади евра.

Министерот за цивилна заштита на Грција, Михалис Хрисохоидис преку социјалните мрежи, за полициската акција напиша „Конечно, крај“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...